07.06.2024 Скопје

Под мотото „Промени се, промени сѐ“, од денес па се до 14 јуни Прилеп ќе биде домаќин на 58-то издание на македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“

Во програмата на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“ доминира потребата да се најдат нови читања на стари теми, истовремено создавајќи поинаков третман на просторот.

Иницијалната позиција од која е направена селекцијата на претстави е да се дефинира сериозна голема театарска претстава која е во контекст или со годинaшниот автор во фокус – Горан Стефановски или во контекст на современиот пристап во третирањето на театарот денес. Ќе биде прикажано тоа што е современо и актуелно, истовремено во корелација со европските театарски трендови.

Тркалезни маси, работилници, промоции на книги, детска зона и многу други содржини ве очекуваат во Прилеп во наредните 7 дена.

Прогама:

7.6.2024 (петок)

19:00 | Градска библиотека „Борка Талески“ – Прилеп
Изложба – Горан Стефановски и книгите
19:30 | НУЦК „Марко Цепенков“
Свечено отворање на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп
ХЕДА ГАБЛЕР
Драмски театар – Скопје

8.6.2024 (сабота)

10:00 | Саат-кулата
Детска зона
(поддржана од „Чекор по чекор“)
11:00 | Кино „Мис Стон“
СТАПИЦА – Горан Стефановски
Актерска школа „Весна Петрушевска“
12:00 | НУЦК „Марко Цепенков“ (фоаје)
Разговори на тркалезната маса
19:30 | НУЦК „Марко Цепенков“
ИВАНОВ
НУ Македонски народен театар – Скопје

9.6.2024 (недела)

Ден на Горан Стефановски
10:00 | Детска зона
(поддржана од „Чекор по чекор“)
10:00 | Кино „Мис Стон“
ЧЕРНОДРИНСКИ ЗА ДЕЦА
11:00 | НУЦК „Марко Цепенков“ (фоаје)
Промоции на театарска и театролошка литература
12:00 | НУЦК „Марко Цепенков“ (фоаје)
Разговори на тркалезната маса
13:00 | НУЦК „Марко Цепенков“ (фоаје)
Презентација на фондацијата „Горан Стефановски“ – УКИМ Факултет за драмски уметности – Скопје
Презентација на наградата „Горан Стефановски“ – Драмски театар – Скопје
14:00 | НУЦК „Марко Цепенков“ (фоаје)
Самоглас ̶ аудиодрами на Горан Стефановски
18:30 | НУЦК „Марко Цепенков“
Филм за Горан Стефановски
УКИМ Факултет за драмски уметности – Скопје
20:00 | НУЦК „Марко Цепенков“
ЦРНА ДУПКА
НУЦК „Антон Панов“ – Струмица
22:00 | Театар „Војдан Чернодрински“
ДИПЛОМСКА ПРЕТСТАВА: ЦРНА ДУПКА
УКИМ – Факултет за драмски уметности – Скопје

10.6.2024 (понеделник)

10:00 | Саат-кулата
Детска зона
(поддржана од „Чекор по чекор“)
11:00 | НУЦК „Марко Цепенков“ (фоаје)
промоција на наградените драми од „Еуродрам“
12:00 | НУЦК „Марко Цепенков“ (фоаје)
Разговори на тркалезната маса
19:30 | НУЦК „Марко Цепенков“
НА ДНОТО
НУ Народен театар – Битола
22:00 | Театар „Војдан Чернодрински“
ДОМОТ НА КУКЛАТА
НУ Турски театар – Скопје
23:59 | Кафе-бар „Тротоар“
ПООЛ
„Хибрид“ – Скопје во копродукција со „Артопиа“

11.6.2024 (вторник)

10:00 | Саат-кулата
Детска зона
(поддржана од „Чекор по чекор“)
11:00 | НУЦК „Марко Цепенков“ (фоаје)
Промоции на театарска и театролошка литература
12:00 | НУЦК „Марко Цепенков“ (фоаје)
Разговори на тркалезната маса
19:30 | НУЦК „Марко Цепенков“
АЛО! АЛО!
НУ Театар „Комедија“- Скопје
22:00 | Театар „Војдан Чернодрински“
ДУПЛО ДНО
НУЦК „Марко Цепенков“, Театар „Војдан Чернодрински“, Прилеп
23:59 | НУЦК „Марко Цепенков“ (Сцена 105)
КЕНДИ
Театар „Златен Елец“

12.6.2024 (среда)

10:00 | Саат-кулата
Детска зона
(поддржана од „Чекор по чекор“)
11:00 | НУЦК „Марко Цепенков“ (фоаје)
Промоции на театарска и театролошка литература
12:00 | НУЦК „Марко Цепенков“ (фоаје)
Разговори на тркалезната маса
17:00 | Театар „Војдан Чернодрински“
ФРАНКЕНШТАЈН
НУ Театар за деца и младинци – Скопје
18:15 | Театар „Војдан Чернодрински“ (фоаје)
Разговори на тркалезната маса
19:30 | НУЦК „Марко Цепенков“
ЕДВАРД ВТОРИ
НУ „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ – Велес
22:00 | Театар „Војдан Чернодрински“
ДЕМОНОТ ОД ДЕБАР МААЛО
НУЦК „Ацо Шопов“ – Штип

13.6.2024 (четврток)

10:00 | Саат-кулата
Детска зона
(поддржана од „Чекор по чекор“)
11:00 | НУЦК „Марко Цепенков“ (фоаје)
Промоции на театарска и театролошка литература
12:00 | НУЦК „Марко Цепенков“ (фоаје)
Разговори на тркалезната маса
17:00 | НУЦК „Марко Цепенков“
ДИВО МЕСО
НУ Албански театар – Скопје
18:45 | НУЦК „Марко Цепенков“ (фоаје)
Разговори на тркалезната маса
22:00 | Театар „Војдан Чернодрински“
ЛЕКЦИЈА
Motion Network и НУЦК „Ацо Шопов“ – Штип
23:59 | НУЦК „Марко Цепенков“
НАТЧОВЕК
Драмски театар „Стојан Бочваров“ – Варна, Бугарија

14.6.2024 (петок)

10:00 | Саат-кулата
Детска зона
(поддржана од „Чекор по чекор“)
12:00 | НУЦК „Марко Цепенков“ (фоаје)
ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА
19:30 | НУЦК „Марко Цепенков“
СВЕЧЕНО ЗАТВОРАЊЕ НА ФЕСТИВАЛОТ И ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ
Концерт на Добрила и Дориан дуо

Подготвено од М.Д.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *