20.06.2024 Скопје
Македонската женска ракометна репрезентација со триумф над САД од 32-15 го почна настапот на Светското првенство за ракометарки до 20 години кое вчера стартуваше во Скопје.
Најефикасна македонска ракометарка беше Борјана Коцева која даде девет гола, додека одлична партија одигра и Ива Младеновска со седум реализации.
Следниот натпревар на Македонија е во петок од 18 часот против селекцијата на Исланд.
Подготвено од М.Д.