https://www.flickr.com/photos/boellstiftung/14271189360/in/photolist-nK6zoY-pG2xfw-4VmxAh-8EHLVH-bATF8R-8NeEbT-8NfcjV-2ghe6fM-9i7sP6-8Nfck4-qWbsDK-2kaXuoW-sqzMyA-2kaXuJW-2kaXNBt-2kaYf2H-mPRkLZ-jw5wuw-2mR4zhc-8CQAxG-8CQAq9-8CQAku-p2qD64-8CMvfX-8CMv9P-2mR4zoe-6U8MdE-pVaJqK-2nrfqHw-7DLhmX-7DQ6Gw-gP9x3j-7BAwj7-7BK5XF-9biDJD-9biDir-9bmMDY-ejq1ZG-K5DboC-7v2jLo-9MDqPi-2kZWQjT-9MG7zw-2mPtvLG-3MA7q6-hykPaN-2nspp6q-9MG9Tb-2mhKFWr-aaz5sd

11.06.2024 Скопје

Нема да има вонредни избори во Германија и покрај катастрофалниот неуспех на владејачката коалиција на изборите за Европскиот парламент, изјави портпаролот на германскиот канцелар Олаф Шолц, Штефен Хебестрајт.

„Редовниот датум на изборите е следната есен. И тоа е она што планираме да го направиме“, кажа тој за медиумите.

Откако Социјал-демократите (СДП) постигнаа историски најлош резултат со освоиени 14 отсто, зад крајно десничарската АфД со 16 отсто и конзервативниот блок ЦДУ-ЦСУ со 30 отсто, многу политичари во Германија го повикаа Шолц да распише вонредни парламентарни избори.

„Факт е дека коалициската влада е надгласана и Олаф Шолц мора да распише нови избори, како Макрон“, кажа премиерот на германската сојузна држава Баварија и лидер на Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) Маркус Зедер.

Францускиот претседател Емануел Макрон ја распушти владата откако неговата партија Препород освои 15 отсто од гласовите, додека десничарската партија Национален собир на Марин ле Пен освои 32 отсто од гласовите.

Макрон порача дека на изборите за Европскиот парламент е „научена главната лекција“, односно дека „партиите кои ја бранат Европа“ не оствариле добар резултат.

Подготвено од М.Д.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *