ris

12.06.2024 Скопје

По 15 години Македонското еколошко друштво (МЕД) соопштија дека конечно успеале да потврдат балкански рис Илинска Планина. Со ова, велат се докажува значењето на овој биокоридор кој ги поврзува заштитените подрачја во Западна Македонија.

„По 15 години работа на Илинска-Плакенска Планина, конечно успеавме да потврдиме балкански рис. Со ова се докажува значењето на овој биокоридор кој ги поврзува заштитените подрачја во Западна Македонија. Сесијата на фото-замки се оствари со помош на соработката со планинарското друштво Бигла од Демир Хисар“, велат од МЕД.

Балканскиот рис е на списокот на преселни видови на Бонската конвенција, а Република Северна Македонија и Албанија заедно ќе го штитат неговиот опстанок, соопштија неодамна од Македонското еколошко друштво (МЕД).

Балканскиот рис е загрозен подвид на евроазискиот рис и неговиот загрозен подвид, и заедно се најдоа на списокот на преселни видови.

Подготвено од М.Д.

About Author