SNEG VO SLOVENIJA

14.06.2024 Скопје

Словенија веќе неколку недели е погодена од обилни врнежи, а метеоролозите најавуваат дека ќе продолжат, а поради наглото опаѓање на температурата снег падна во алпското подрачје.

Највисоката температура во алпскиот дел на Словенија утре наутро ќе биде од еден до пет Целзиусови степени, додека во останатиот дел од Словенија од седум до 12 степени.

Метеоролозите очекуваат во Словенија во текот на викендот да се вратат повисоки температури и до 25 Целзиусови степени.

Дел од алпскиот масив во Словенија, Јулијските Алпи, често се покриваат со снег во текот на летото, па во претходните години се случуваше снег да ја покрие Кредарица и во јули и август.

Подготвено од М.Д.

About Author