10.06.2024 Скопје
„Денес треба да победиме на овие избори во Европа, ова се првите европски избори на кои оваа тема се провлекува низ речиси сите земји членки. Ги следев германската, италијанската и француската изборна кампања, сите зборуваа за војна, па сега е паневропско прашање“, рече Орбан.
Одговарајќи на новинарско прашање, Орбан рече дека мирот во Украина може да се постигне во два чекори.
„Прво, треба да победиме на европските избори и нивните резултати да се толкуваат како мислење на луѓето за прашањето за војна и мир“, рече тој.
Во Унгарија денеска е забележана голема излезност, а до 13 часот гласале 33,14 отсто од гласачите, над два милиони луѓе. Во исто време со изборите за ЕП, во Унгарија се одржуваат и локални избори.
Подготвено од М.Д.