22.06.2024 Скопје
За в понеделник најавен е нов протест на приватните превозници во Скопје. Тие велат дека не добиле плата од јануари.
Првиот ден приватните автобуси ќе останат паркирани во гаражите, а потоа, во зависност од реакцијата на одговорните на Град Скопје, можна е блокада на сообраќајот во главниот град.
Долгот повторно се зголемил на повеќе од 140 милиони денари, а нема никаква реакција од надлежните, велат претставниците на приватните превозници.
Веќе подолг период приватните превозници имаат проблем со одлуките на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.
Подготвено од М.Д.