28.06.2024 Скопје

Доколку надлежните органи не поканат да помогнеме, секако дека ќе дадеме се од себе, рече Жан Пјер Лакроа, одговарајќи на новинарско прашање во седиштето на ОН во Њујорк.

Посочувајќи ги многуте прашања во врска со распределбата на помошта во Газа, Лакроа истакна дека бројот на грабежи е во пораст.

Тој ја нагласи потребата да се најде решение за овие проблеми, наведувајќи дека една од опциите може да биде и вклучување на трета страна.

Лакроа рече дека е неизвесно дали таа трета страна ќе бидат ОН, додавајќи дека ќе бидат потребни одредени процеси за вклучување на мировниците на ОН и дека Советот за безбедност на ОН е дел од тој процес.

Подготвено од М.Д.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *