27.06.2024 Скопје
Регулаторната комисија за енергетика денеска на прес-конференција се очекува да ја соопшти новата цена на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи која ќе важи од 1 јули.
Претседателот на РКЕ Марко Бислимоски вчера изјави дека ќе нема ценовен шок и оти просечната цена на електричната енергија за домаќинствата нема да биде зголемена повеќе од еден процент.
На тендерот што го распиша универзалниот снабдувач ЕВН Хоме беше прифатена цената од АД ЕСМ од 60 евра за мегават часови за покривање на 85 проценти од потребите, додека за останатите 15 проценти беа пристигнати три понуди, но ниту една не беше прифатена поради тоа што понудите биле повисоки од моменталните пазарни цени.
Подготвено од М.Д.