05.06.2024 Скопје
Буџетот за одбрана на Норвешка ќе биде зголемен за 83% во следните 12 години. Ова е зголемување од 600 милијарди круни (57 милијарди долари). Власта и опозицијата во Норвешка на 4 јуни постигнаа едногласен договор за ова, нарекувајќи го својот сосед Русија „опасен и непредвидлив“.
Сите партии претставени во парламентот – од популистичката екстремна десница до малата комунистичка партија – го поддржаа планот.
Кабинетот предложи Норвешка, членка на НАТО, да нарача пет нови фрегати, петта подморница, противвоздушни ракети, оружје со долг дострел, дронови за поморски надзор и хеликоптери.
Норвешка и Русија делат копнена граница од 198 километри на Арктикот и морска граница во Баренцовото Море.
Норвешка очекува нејзиниот буџет за одбрана оваа година да достигне 2 отсто од бруто домашниот производ.
Подготвено од М.Д.