17.06.2024 Скопје

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја распушти воената влада, која беше формирана по невидениот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври минатата година.

Доцна синоќа Нетанјаху му рекол на Воениот кабинет, мала група високи функционери од низа партии што беше формирана на 11 октомври за да управува со операциите против Хамас и Хезболах, дека тие официјално се распуштени.

Претседателот на умерената Партија на национално единство, Бени Ганц, еден од тројцата членови на владата, го напушти воениот кабинет минатата недела. Распуштањето се очекуваше откако екстремно десничарскиот министер за национална безбедност Итамар Бен Гвир побара да биде вклучен во работата на воениот кабинет.

Подготвено од М.Д.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *