https://api.ndla.no/image-api/raw/1024px-flag_of_nato.svg_.png?

24.06.2024 Скопје

Северноатлантската Алијанса би можела да се распадне по победата на Русија во конфликтот во Украина, смета поранешниот американски разузнавач Скот Ритер.

„Руската победа всушност ќе го загрози постоењето на НАТО“, изјави тој.

Ритер, исто така, нагласи дека последиците од фаталните грешки на Алијансата и во Авганистан и во Украина на крајот ќе доведат до нејзин колапс.

Москва во повеќе наврати изјави дека не претставува закана за ниту една од земјите на Северноатлантската алијанса, но дека нема да ги игнорира  чекорите кои се потенцијално опасни за нејзините интереси.

Во исто време, таа останува отворена за дијалог, но на рамноправна основа, а Западот мора да се откаже од политиката на милитаризација на Европа. Како што претходно истакна рускиот лидер Владимир Путин, Русија не сака директен воен конфликт со НАТО, но ако некој го сака, Москва е подготвена за тоа.

Подготвено од М.Д.

About Author