kosovo- policija

07.06.2024 Скопје

Косовската полиција уапсила две лица во Урошевац под сомнение за шпионирање и соработка со српската Безбедносно информативна агенција, соопштија косовските медиуми.

Според тоа што се објавува на Косово, еден од двајцата уапсени е татко на косовскиот новинар и сопственик на портал, Зекирја Шабани, кој според нив помагал во предизборната кампања на коалицијата Вреди во Република Северна Македонија.

Акцијата за нивно апсење била спроведена од косовската полиција по информации од разузнавачката служба, го пренесуваат косовските медиуми соопштението на специјалното обвинителство.

Српската разузнавачка агенција пак категорично негира дека постоело било каква соработка со лица од Косово, и соопштението на специјалното обвинителство го нарече „пласирање лажни вести“.

Подготвено од М.Д.

About Author