06.06.2024 Скопје
Над еден килограм златен накит во вредност од 4 милиони денари е запленет од страна на царинските службеници при влез на граничен премин Богородица, со што воедно е спречен обид за избегнување плаќање увозни давачки во висина од еден милион денари.
Златото е откриено при личен претрес на еден патник кој се обидел накитот да го скрие во внатрешниот дел на панталоните и долната облека коишто ги носел на себе. Истото било спакувано во четири ќеси во коишто имало 60 ланчиња, 13 прстени, 128 обетки и 48 нараквици.
Златото ќе биде предадено во Народна банка, а против патникот ќе биде поднесена кривична пријава.
Подготвено од М.Д.