26.06.2024 Скопје

Илон Маск е познат по амбициозните тврдења, а неговите најнови се однесуваат на паметните телефони. Имено, тој верува дека мозочните чипови на неговата компанија Neuralink ќе ги заменат телефоните.

Одговарајќи на објавата на X, Маск напиша: „Во иднина нема да има телефони, само Neuralink“.

Објавата на која одговори Маск дојде од профил пародија, а беше прикажана фотографија генерирана со вештачка интелигенција на која држи телефон со мрежа на челото.

„Дали би инсталирале Neuralink во вашиот мозок за да можете да го контролирате вашиот нов телефон со вашите мисли?“

Ова предизвика мешани реакции од корисниците на X.

„Не, нема шанси“, „Не“, „Нема шанси, попрво би се откажал од пивото“, „Те сакам, Илон“. Но, нема шанси да ставам нешто во мојата глава“, „Никогаш“, „Можеби“, „Прво не без опширно истражување“, „Мислам дека би“, се дел од коментарите под оваа објава.

Подготвено од М.Д.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *