davanje potkup mito

26.06.2024 Скопје

На секоја втора приватна компанија минатата година и биле побарани од илјада евра до 100 илјади евра мито или вообичаените 6 до 10 отсто до вредноста на тендерот, покажува анкетата на Стопанската комора на Република Северна Македонија

Мито и корупција при контактите со државната администрација не се непознат поим за приватниот бизнис во државата. На секоја втора приватна компанија минатата година и биле побарани од илјада евра до 100 илјади евра мито или вообичаените 6 до 10 отсто до вредноста на тендерот, покажува анкетата на Стопанската комора на Република Северна Македонија. Бизнисмените не се расположени да плаќаат но не се расположени и да пријавуваат бидејќи стравуваат од одмазда.

Со анкетата изработена во март годинава опфатени се 138 компании, микро, мали, средни и големи со повеќе од 10 години искуство на пазарот  а 75 одговорија целосно на сите прашања.

Коруптивните барања во речиси 8 од 10 случаи дошле од централната власт а во останатите била локалната. Дозволи и одобренија е теренот на кој административците ловат во матно.

Коруптивните службеници се упорни судејќи по одговорите на бизнис секторот кој посочува дека најчесто непристојните барања ги добивале индиректно меѓу два до пет пат а најчесто се барале пари, подароци или донации за партии. Сумата варира од една до 10 илјади евра а на ет компании минатата година им било ппбарано мито во износ од над 100 илјади евра. Кога станува збор за тендери коруптивната тарифа е од 6 до 10 отсто од вредноста.

Од 51 компанија на која и бил побарано мито 31 не превзела ништо, 6 платиле а само 4 пријавиле кај надлежните.

Според одговорите на бизнисмените кај нив постои страв дека доколку пријавата барање за поткуп ќе имаат реперкусии и ќе мора да стават клуч.

Подготвено од М.Д.

About Author