https://scontent.fskp4-1.fna.fbcdn.net/v/t39.30808-6/292390878_599821988166398_300757868197228982_n.jpg?_nc_cat=103&ccb=1-7&_nc_sid=8bfeb9&_nc_ohc=P0QYMVze_b0AX_PQjQZ&tn=RsUfzu_hq7JlhCjN&_nc_ht=scontent.fskp4-1.fna&oh=00_AT_gJYwFeyaPVoW3X49ZwyUMKDW5CKu5TtbqozjUNvLdZQ&oe=62E0855A

17.06.2024 Скопје

Мандатарот за состав на владата и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека Извршниот комитет ги утврдил предлозите за кандидати за членови на неговиот иден владин кабинет и нагласи дека потоа Централниот комитет едногласни ги потврдил сите предлози. Министер за надворешни работи ќе биде Тимчо Муцунски, за одбрана Владо Мисалјловски, а заменик премиер Александар Николоски. Мицкоски ги соопшти сите имиња на кандидати од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

„Се водев од принципот на чесност и работливост, се раководев тоа да бидат луѓе кои веднаш со мене ќе засукаат ракави зашто Република Северна Македонија нема време за чекање“, рече Мицкоски.

Тој поединечно ги наведе имињата на кандидатите за функциите од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија и за секој кандидат кажа два – три збора во суперлативи.

Заменик премиер и министер за транспорт и врски ќе биде Александар Николоски, на оваа позиција доаѓа со амбициозна задача за реализација на значајни проекти за државата.

Министер за одбрана ќе биде Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, поранешен министер за транспорт и врски.

Министер за финансии ќе биде Гордана Димитриевска Кочовска која има големо искуство за финансиите и макроекономското работење и која со мене има работено во Електрани на Република Северна Македонија.

Министер за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, градоначалник на Аеродром, со богато искуство на планот на меѓународните односи. Негова задача ќе биде привлекување на инвестиции и промоција на Република Северна Македонија на надворешен план.

Министер за локална самоуправа ќе биде Златко Пирински, кој едно време раководел со кабинетот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Министер за информатичко општество и администрација ќе биде Стефан Андоновски, кој беше дополнителен заменик министер во техничката влада во истиот ресор.

Министер за спорт ќе биде Борко Ристовски, ракометар и репрезентативец на Република Северна Македонија кој сега директно ќе има можност да влијае на развојот на спортот.

Министер за енергетика и рударство Сања Божиновска, експерт во енергетиката со големо искуство во големи компании.

Министер за земјоделство – Цветан Трипуновски, со големо искуство во областа на земјоделието.

Министер за култура и туризам ќе биде актерот Зоран Љутков, ќе има шанса да ја промовира Република Северна Македонија на надворешен план.

Министер за внатрешни работи ќе биде Панче Тошковски, кој четири месеци успешно беше технички министер, од кого се очекува бескомпромисна борба со криминалот и корупцијата.

Министер за образование и наука ќе биде професорката Весна Јаневска, докажана во оваа област и која ја водеше комисијата за образование на ВМРО-ДПМНЕ.

Љупчо Димовски, претседателот на СПМ ќе биде заменик претседател на Владата за политички систем.

Вицепремиер за односи меѓу заедниците ќе биде Иван Стоилковиќ, претседател на Демократската партија на Србите во Република Северна Македонија.

Шабан Салиу ќе биде министер без ресор, задолжен за интеграција на декадата на Ромите“, рече Мицкоски нагласувајќи дека станува збор за кандидати за функциите.

„Очекувам владата да биде избрана на 22-23 јуни и Република Северна Македонија да ја вратиме на народот, тоа ќе биде Влада за тебе“, рече меѓу другото Мицкоски.

Подготвено од М.Д.

About Author