03.06.2024 Скопје

Клаудија Шејнбаум e новата претседателка на Мексико. Таа оствари убедлива победа на претседателските избори во Мексико, како кандидатката на владејачката левичарска партија, покажуваат првите официјални резултати објавени денеска.

Поранешната градоначалника на Мексико Сити освои меѓу 58 и 60 отсто од гласовите, покажуваат официјалните резултати, додека нејзината опозициска противкандидатка, поранешната сенаторка од десниот центар, Чочитл Галвез, на овие избори, освои меѓу 26 до 28 отсто од гласовите. На третото место се најде Хорхе Алварез Мајнес, кој доби меѓу девет и 10 отсто од гласовите.

Во првата изјава по изборите таа вети: „Нема да ве разочарам. Ќе станам првата жена претседател на Мексико“.

Шејнбаум водеше жестока кампања и покрај силниот предизвик од Галвез. Ова е првпат во историјата на Мексико главните претседателски кандидати да бидат жени.

Подготвено од М.Д.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *