техо

28.06.2024 Скопје

На вчерашната прес – конференција во Тетово, претставниците на меѓународниот хорски фестивал „ТЕХО – Тетовски хорски одзиви“ го најавија 33. издание на фестивалот, чии фестивалски денови ќе се одржат овој викенд, во Тетово и Лешок.

„На првата вечер во сабота ќе настапат четири хора. За првпат детскиот хор „Лале“ оваа година ќе настапи со православна духовна музика. Овој хор е од 1979 година, редовен учесник на фестивалот ТЕХО, но сега се вклучува и во православната духовна музика. Со хорот овој пат ќе диригира Теодора Ветероска, членка на хорот којашто израсна во хорот, заврши факултет за музичка уметност и се даде можност да се претстави како диригент и така да продолжи традицијата ќе настапи со 4 композиции“, истакна претседателот на фестивалот проф. д-р Ивица Зориќ на денешната прес – конференција.

Од „ТЕХО“ посочија дека Тетово е градот на хорската музика и ја продолжуваат долгогодишната традиција. Фестивалот се одликува со многу разнолики активности и е организиран во два вечери (29 и 30 јуни).

Во сабота, во соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово, фестивалот започнува во 19 часот, додека пак продолжува во недела, во духовниот центар „Кирил Пејчиновиќ“ во Лешок, со почеток во 12 часот.

„Ние се трудиме да ова културно жариште и духовно место го оплемениме со нови содржини, ќе имаме отворање на изложба и на катче на роднокрајни литературни дејци, така да сите оние во Тетово коишто објавиле некое литературно дело без разлика дали е поезија или проза и драма, нивните дела ќе бидат истакнати таму. На наше големо задоволство е што оваа година, благодарение на луѓето коишто водат сметка ќе биде изложена оригиналното дело „Огледало“ на Кирил Пејчиновиќ од 1816 година. Ова е фотокопија од насловната страница, но тие што ќе бидат посетители па ќе можат во живо да ја видат оригиналната книга, со каков повез е истакната и тоа е на некој начин коренот на литературната дејност, на овие наши простори“, истакна претседателот Зориќ презентирајќи ја фотокопијата.

Минатата година фестивалот прослави јубејни 50 години од првото издание на „ТЕХО“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author