PLAZA MESECEV ZALIV SLOVENIJA

27.06.2024 Скопје

Малата карпеста плажа „Месечев залив“ на словенечкото крајбрежје е прогласена за една од најдобрите во светот од страна на „Биг 7 травел“ – глобална интернет-страница за совети за патувања.

„Плажата не може да се пофали со тропскиот ветар на Карибите, но е неверојатно убава. Благодарение на нејзината изолираност и заштитениот статус, најверојатно ќе го имате целото место за себе“, се вели во описот на „Биг 7 травел“.

„Восхитувајте се на неверојатните погледи на Јадранското Море долж една од неколкуте пешачки патеки што се движат низ резерватот или едноставно впијте го сонцето“, се додава.

Инаку, „Месечевиот залив“ се наоѓа во природниот резерват Струњан и до него може да се стигне само пеш. Тоа е неразвиена плажа без удобности во подножјето на црвеникави карпи коишто постепено преоѓаат во маслинови градини и лозје.

Подготвено од М.Д.

About Author