matichni-doktori-memorandum-sindikat-delchev-696x521

14.06.2024 Скопје

Здружението на приватни лекари (ЗПЛ) денеска во Велес потпиша Меморандум за соработка со Независниот синдикат на здравствените работници (НСЗР) при Конфедерацијата на синдикални организации на Република Северна Македонија (КСОМ).

Својот потпис на овој договор за соработка го ставија претседателот на НСЗР, Боби Бојчевски, претседателката на ЗПЛ, Лилија Чолакова Дервишова и претседателот на КСОМ, Марјан Ристески.

По потпишувањето на меморандумот, Бојчевски изјави дека и понатаму ќе се трудат да го подобрат здравствениот систем во државата. Нивна цел е, како што посочи тој, вработените во здравствените установи да не си заминуваат во странство, да останат да им служат на нашите граѓани.

„Ќе продолжиме да работиме на тоа да се надминат проблемите во здравството. Здравјето на луѓето нема цена. Какво е здравството во една земја, многу зборува за тоа за каква држава всушност станува збор“, подвлече Бојчевски.

Со овој меморандум, двете страни се согласија да настапуваат единствено, бидејќи како што беше нагласено, заедно се посилни.

Подготвено од М.Д.

About Author