03.06.2024 Скопје
Лидл во Босна и Херцеговина работи да го подготви пазарот и да ги отвори своите маркети за граѓаните. Во моментов се вработени 112 работници, а започната е и изградбата на огромен логистички центар во кој ќе се инвестираат над 100 милиони евра.
Овој германски трговски синџир веќе работи на изградба на своите капацитети и подготовка на документација за градба во повеќе градови на Босна и Херцеговина. Кога Лидл официјално ќе ги отвори вратите за клиентите, ќе отвори 15 објекти одеднаш. Ова треба да се случи најдоцна до почетокот на 2027 година.
Следната година целта е да се отворат уште десет подружници и секоја година да се зголемува бројот на објекти. На крајот на краиштата, за 10 години, Лидл би можел да има меѓу 70 и 80 објекти во Босна и Херцеговина.
Она што е важно да се истакне е дека кога ќе се отворат првите објекти, тие ќе имаат околу 1.500 вработени и дека почетната инвестиција ќе изнесува над половина милијарда марки. Лидл моментално гради објекти во повеќе градови, како Сараево, Бјелина и слично, додека во тек е добивање дозволи во некои други локации, како што е Источно Сараево. Во оваа насока, неодамна беше донесена одлука за спроведување на регулаторен план во општина Источна Илиџа, каде Лидл ќе гради објект на 2.400 метри квадратни.
Во Сараево почнаа работите во населбата Халиловиќи, а зградата ќе биде изградена во следните шест месеци.
Важен чекор во инвестицијата на Лидл во БиХ е почетокот на изградбата на дистрибутивниот центар во Лепеница кај Кисељак, каде во следните две години ќе биде изграден модерен логистички центар од 60.000 квадратни метри. Со вкупна вредност од над 100 милиони евра, оваа значајна инвестиција долгорочно ќе придонесе за локалната заедница со отворање на над 200 работни места.
Подготвено од М.Д.