04.06.2024 Скопје
Г7 денеска соопшти дека стои зад постојаниот мировен договор на американскиот претседател Џо Бајден и го повика Хамас да го прифати.
Американскиот предлог, кој се базира на рамката предложена од израелската влада, предвидува три фази кои треба да доведат до ослободување на сите заложници, крај на војната и обнова на Појасот Газа, без Хамас на власт.
Екстремно десничарските министри во владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху, Безалел Смотрич и Итамар Бен Гвир, се заканија дека ќе ја напуштат коалицијата доколку владата за време на војната се согласи на таков договор.
Подготвено од М.Д.