lakost

08.06.2024 Скопје

Компанијата „Лакост“, која е технички спонзор на Новак Ѓоковиќ, е со најдобриот светски тенисер и кога му е најтешко. По повлекувањето од Ролан Гарос и повредата на менискусот, српскиот тениски ас беше подложен на операција на коленото во Париз, а францускиот бренд, на духовит начин, му испрати поддршка со желба за што поскоро рехабилитирање и враќање на терените.

Крокодилот, кој е заштитен знак на „Лакост“, заврши со колено во завои. Логото веднаш стана вирално, а набрзо преку својот профил го сподели и Тјери Гибер, извршен директор на славната француска компанија.

„Брзо опоравување и враќање во полна сила. Благодарност на Графа за креативноста“, пишува на официјалниот профил на брендот „Лакост“. Новото лого на компанијата го сподели и самиот Ѓоковиќ.

Подготвено од М.Д.

About Author