13.06.2024 Скопје
Во концертната сала на Македонската Филхармонија, вечерва, со почеток во 20:00 часот, ќе имате можност да го погледнете концертот на студентите од државните факултети за музика заедно со оркестарот на Македонската филхармонија и маестро Сашо Татарчевски, насловен како „Звукот на идната генерација“.
Програма:
Х. А. Хофмајстер: Концерт за виола и оркестар во Д-дур (II став)
Исполнува: Емилија Богоевска – виола
Класа: проф. м-р Фросина Балова
Ф. Мартен: Балада за флејта, гудачи и пијано
Исполнува: Јана Каевска – флејта
Класа: проф. м-р Страшо Темко
В. Зубицки: „Росинијана“ (I став)
Исполнува: Дарко Кулевски – хармоника
Класа: проф. м-р Зорица Каракутовска
М. Кастелнуово-Тедеско: Концерт бр.1 за гитара и оркестар
Исполнува: Александра Кировска – гитара
Класа: проф. м-р Дејан Лазаревски
П. Сарасате: „Цигански напеви“
Исполнува: Ивана Здравкова – виолина
Класа: проф. м-р Олег Кондратенко
Л. В. Бетовен: Концерт за пијано и оркестар бр.3 во c-moll (I став) Исполнува: Ана Гаштаровска – пијано
Класа: проф. д-р Ана Гацева
К. М. фон Вебер: Концерт за кларинет и оркестар бр.1 (I став)
Исполнува: Нина Крагуевска – кларинет
Класа: проф. д-р Бранко Павловски
П. И. Чајковски: Концерт за пијано и оркестар бр.2, op.44 (III став)
Исполнува: Искра Атанасова Митуш – пијано
Класа: проф. д-р Нина Костова
Сашо Татарчевски е роден во Битола каде се здобива со основно и средно музичко образование. Дипломира и магистрира на ФМУ Скопје на катедрите за хорско и оркестарско диригирање а посетува и мајсторски курсеви во Њујорк, Рим, Москва, Берлин, Фиренца, Санкт Петербург и Сартеано.
Настапувал со различни ансамбли вклучувајќи ги Македонската филхармонија, Оркестарот на МОБ, Симфонискиот оркестар на ИКО – Рим, Симфонискиот оркестар на Ермитаж од Санкт Петербург, Битолскиот камерен оркестар, Битолската опера, Симфонискиот оркестар на Битолско културно лето, Солисти на ФМУ, Симфонискиот оркестар на ФМУ, ансамблите за современа музика „Алеа“ и „КонТемпора“,
Мандолинскиот оркестар при МКЦ и други камерни и симфониски состави. Во моментов работи како професор на ФМУ по група предмети од областа на диригирањето и диригент на симфонискиот оркестар и мешаниот хор „Драган Шуплевски“, како и уметнички раководител на Женскиот младински хор при МКЦ и професионалниот мешан хор „Про Арс“.
Освен на сцените низ Република Северна Македонија, вклучувајќи ги и најреномираните манифестации како Охридско лето, Скопско лето, Денови на Македонска музика, Есенски музички свечености и многу други, има настапувано и освоено награди со различни ансамбли во Португалија, Словенија, Шкотска, Белгија, Грција, Швајцарија, Шпанија, Хрватска, Италија, Србија, Бугарија, Чешка, Турција, Австрија, Романија, Полска и Русија. Татарчевски е редовен член на неколку жири комисии на интернационални хорски натпревари како и раководител на меѓународниот хорски форум во Струга.
Подготвено од М.Д.