KOKA KOLA 3

19.06.2024 Скопје

Американскиот производител на безалкохолни газирани пијалаци „Кока-Кола“, кој го напушти рускиот пазар во 2022 година, во април годинава поднесе три апликации за регистрација на своите најпознати брендови „Кока-Кола“, „Фанта“ и „Спрајт“ во Русија.

Во март 2022 година „Кока-Кола“ објави дека ја прекинува работата во Русија, а производството и продажбата на пијалаци под овој бренд завршија во јуни истата година.
„Нашите срца се со луѓето што ги трпат последиците од трагичните настани во Украина“, објави тогаш „Кока-Кола“ на својата веб-страница.

И покрај тоа, производите на „Кока-Кола“ увезени од други земји сѐ уште се достапни во Русија, кој тврди дека американската компанија сега сака да регистрира дури осум бренда.

Подготвено од М.Д.

About Author