20.06.2024 Скопје
Европската статистичка служба Евростат денеска објави дека БДП по глава на жител, мерка за економската активност, значително се разликува меѓу земјите-членки на ЕУ.
Во Луксембург, според податоците за 2023 година, БДП по глава на жител е за 139 отсто над просекот на ЕУ, по што следат Ирска (111 отсто) и Холандија (30 отсто).
Други осум земји имаат повисок БДП по глава на жител од просекот на ЕУ – Данска, Австрија, Белгија, Германија, Шведска, Финска, Малта и Франција.
Бугарија има најнизок БДП по глава на жител, 36 отсто под просекот на ЕУ, потоа Грција (33 отсто) и Летонија (29 отсто).
Подготвено од М.Д.