planeta zemja

15.06.2024 Скопје

Ескпертите мерат која држава ветува и има услови за мир, а кеде е критично според многу параметри и тоа има влијание врз инвеститорите, туризмот како и врз перцепцијата на светот за одредени држави.

Глобалниот индекс за мир штотуку ја објави својата листа на најмирни земји.

На листата на најмирни земји во светот за годинава, Македонија е на 38-то место.

Рангирањето се заснова на 23 различни фактори, Бугарија е на 26-то место. Црна Гора се најде на 35-то место. Грција е на 40-то место, додека Албанија е на 42-то место. Србија е на 54-то место. Косово е на 56-то место на листата. Босна и Херцеговина (БиХ) е на 61-то место. На 163 место е Јемен, а едно место пред Јемен е Судан. Украина е на 159-то место.

Исланд, 16-та година по ред, е на првото место. Во 10-те најмирни се најде и Словенија.

Листата во топ 10 нема ниту една од големите силни светски држави, а редоследот на најмирните десет најмирни држави изгледа вака:

  1.  Исланд
  2. Ирска
  3. Австрија
  4. Нов Зеланд
  5. Сингапур
  6. Швајцарија
  7. Португалија
  8.  Данска
  9. Словенија
  10.  Малезија
Подготвено од М.Д.

About Author