03.06.2024 Скопје 

Хрватската репрезентација меѓу првите ќе почне со подготвителни натпревари пред Европското првенство, а таа чест да тестира ќе ја има токму нашата репрезентација.

Натпреварот се игра денес од 19 часот во Ријека, нашата селекција ќе излезе со најсилниот состав, но тоа не може да се каже за противникот. Селекторот Златко Далиќ ќе ги нема на располагање Лука Модриќ, Марцело Брозовиќ и Марио Пашалиќ, додека Никола Влашиќ нема да биде во конкуренција од превентивни причини.

Хрватските медиуми шпекулираат дека „коцкестите“ ќе го почнат мечот со „експериментална“ постава, односно со 11 фудбалери кои никогаш не играле заедно што е и разбирливо бидејќи повеќе од 15 години во националниот тим стандарден е Модриќ.

Според прогнозите, Јрватска ќе игра во формација 4-2-3-1, на голот ќе биде Ливаковиќ, во одбраната Соса, Јурановиќ, Ерлиќ и Вида, средниот ред ќе го сочинуваат Мајер и Ковачиќ, заедно со Перишиќ, Крамариќ и Батурина, а најистурен во нападот е фудбалерот на Динамо, Бруно Петковиќ.

Подготвеноод М.Д.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *