12.06.2024 Скопје
Кина ја пушти во производство најголемата фотоволтаична централа во светот со што го потврди своето присуство меѓу светските актери кога станува збор за обновливите извори на енергија
Соларната централа која е моќна 3,5 GW се наоѓа во пустинскиот регион на северозападната провинција Ксинџијанг – провинција позната по двете големи пустини, Такла Макан на југ и Гурбантунгут на север, кои се меѓу најсушните области во светот.
Предвидено е централата треба годишно да произведува над 6 милијарди KWh електрична енергија.
Зафаќајќи околу 13.000 хектари, оваа огромна инсталација го надминува капацитетот на досегашните најголеми соларни паркови од 3 GW, кои се наоѓаат и во западниот дел на Кина.
Кина планира да добие речиси половина од својата електрична енергија од обновливи извори до крајот на деценијата, со цел дополнително да се постигне климатска неутралност.
Според извештајот на Меѓународната агенција за енергија, Кина го удвоила својот капацитет за соларна енергија и инсталирала количина соларни панели еднаква на вкупната количина инсталирана во целиот свет во текот на претходната година.
Подготвено од М.Д.