10.06.2024 Скопје
Позната автомобилска компанија објави дека ќе повлече од пазарот скоро 500 илјади автомобили, поради се уште не утвреден дефект. Како што пренесуваат медиумите, дефектот предизвикува прегревање на моторот на возилото, што може да доведе до пожар.
Поради ова, сопствениците на приближно 463.000 автомобили Kia се предупредени да не ги возат додека не се решат идентификуваните проблеми.
Ова се однесува на возачите во САД.
Корејскиот производител на автомобили соопшти дека ги повлекува теренците Telluride (2020-2024) поради ризикот од пожари кои произлегуваат од прегревање на моторите.
Киа соопшти дека има извештаи за еден пожар под седиштето и шест извештаи за топење на мотори, вклучувајќи ги и оние каде имало чад или мирис на горење. Сепак, нема судири или повредени.
Американскиот регулатор ги советуваше возачите „да ги паркираат автомобилите некаде надвор додека не се направат поправки“.
Kia ќе започне со поправки на крајот на следниот месец.
Подготвено од М.Д.