27.06.2024 Скопје
Мицкоски и Таравари ќе бараат заедничко законско решение кое ќе им одговара на сите граѓани а кое би можело да го замени балансерот.
Иако Мицкоски не конкретизираше како ќе се дојде до тоа сепак повикувајќи се и на скринингот од ЕУ посочи дека доколку земјата сака да го оди европскиот пат мора да ги прифати препораките . Тезата за одземање на било какви права на одредени етнички заедници Мицкоски во изјава ја отфрли како невистинита и лошо спакувана.
Дека ќе се бара соодветна замена за балансерот преку законско решение во неколку наврати веќе посочи и министерот за здравство Арбен Таравари кое би важело при формирањето на новите министерства и ќе направи систематизирање онаму каде што е потребно. Оние кои што земаат плата а не работат ќе бидат отпуштени од работа пракса која веќе ја воведе Таравари кој меѓу другото посочи и дека економските директори на клиниките ќе бидат укинати.
Сепак начелниот договор е дека прво треба да се донесе соодветното законско решение за еднкава соодветна застапеност а потоа официјално да биде укинат балансерот. Од ВРЕДИ веќе говореа дека планираат и наменски инспектор кој ќе врши надзор во институциите доколку правичната застапеност не се почитува.
Подготвено од М.Д.