14.06.2024 Скопје
Станува збор за пештерите Јунганг, кои се наоѓаат на 16 километри од градот Датонг, во провинцијата Шанкси. Пред повеќе од 20 години беа вклучени во листата на светско културно наследство на УНЕСКО.
Пештерите најчесто биле издлабени во периодот од 460 до 525 година, за време на владеењето на династијата Северна Веи.
Неверојатната локација содржи 252 пештери со повеќе од 50.000 скулптури на Буда. Посетителите можат да видат бројни богатства, како и приказни врежани во карпите.
Во текот на 2023 година, повеќе од три милиони луѓе ја посетиле оваа туристичка атракција.
Објавено видео од женските тоалети, кои се достапни за туристите, со тајмери поставени над вратите.
Кога кабината е празна, на екранот се појавува пораката „слободно“. Во случај да е зафатено, бирачот се прикажува.
„Напредно решение, бидејќи не треба да тропате на врата и да проверувате, но беше малку непријатно. Како да сум под надзор“, рекла една жена.
Еден од вработените од локацијата објаснува дека тајмерите биле поставени по зголемувањето на бројот на посетители и притисокот врз постојните објекти.
„Тие нѐ контролираат колку време поминуваме внатре. Никого не би исфрлиле, ниту има временско ограничување за користење на тоалетот“, рече тој.
Друг вработен изјави дека тајмерите биле инсталирани на 1 мај.
„Тие се поставени за доброто на сите гости. Особено ако се зафатени подолго време, а има итен случај“, објасни тој.
Луѓето кои се незадоволни од овој потег сметаат дека парите требало да се пренаменат за изградба на повеќе тоалети.
Подотвено од М.Д.