01.06.2024 Скопје
„Со одлука на владините тела, на Евросатори 2024 нема да има израелски штанд“, изјави портпаролот на организаторите.
Министерството за одбрана соопшти дека „сега кога претседателот го повикува Израел да ја прекине операцијата во Рафа, веќе не се исполнети условите за претставување на израелските компании на саемот“.
Претходно оваа недела, францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека е „огорчен“ од смртта на 45 лица во пожар во шаторската населба Рафа во Појасот Газа, предизвикан од израелски воздушен напад.
На Макрон во осудата му се придружија и други светски лидери.
Подготвено од М.Д.