https://www.facebook.com/unitednations/photos/pcb.10160696657665820/10160696656065820/

13.06.2024 Скопје

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш ги вклучи израелската војска и Хамас на годишната црна листа на сторители кои им наштетуваат на децата.

Во него се наведуваат имињата и ги срами оние кои регрутираат, убиваат, осакатуваат или киднапираат деца, вршат сексуално насилство врз нив, им одбиваат хуманитарна помош или напаѓаат училишта и болници.

Во извештајот Обединетите нации соопштија дека потврдиле 8.009 тешки прекршувања извршени врз израелски и палестински деца, но процесот велат е тековен и бавен поради конфликтот.

Покрај Хамас, на листата се најде и палестинскиот Исламски џихад.

Двете групи се наведени за првпат, обвинети за убиства, осакатување и киднапирање деца.

Извештајот го опфаќа периодот од јануари до декември 2023 година.

Ова е првпат Израел или Хамас да бидат вклучени на црната листа на извештајот, и покрај убиствата и осакатувањата на стотици деца во најмалку три претходни војни во Газа.

Израелските власти изразија огорченост поради тоа што се вклучени на списокот, на кој се ставени заедно со талибанците и терористичките групи Ал Каеда и Исламската држава.

Подготвено од М.Д.

About Author