05.06.2024 Скопје
Услугата е достапна 24 часа во денот, овозможена е од Црвениот крст, а досега истата граѓаните ја плаќаа од свој џеб.
Првиот човек на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски верува дека на овој начин, ќе им се помогне на оние на кои помошта им е најпотребна.
Станува збор за уред кој се става на раката, кој од денеска ќе биде бесплатен за повозрасните жители на Кисела Вода и кој ќе им овозможува да добијат соодветна помош директно во нивниот дом.
Димишкова, која повеќе од три децении има дијабет, вели дека ваквата алатка ќе и биде од огромна голема корист во евентуални итни ситуации.
Бесплатни нараквици со итно копче моментално се обезбедени за 40 корисници, но како што најави градоначалникот Ѓорѓиевски, оваа бројка во иднина ќе се зголемува. Ваков медицински уред денеска воведе и Општина Гази Баба.
Подготвено од М.Д.