ASVALTEN PAT 2

27.06.2024 Скопје

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски го повика Јавното обвинителство (ЈО) да го испита работењето на Железници (ЖРМ) Инфраструктура и на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) врз основа на наводите од извештајот за јавните инвестиции на Државниот завод за ревизија (ДЗР).

Според Николоски, Извештајот отвора сомнеж за досегашното работење на ЈПДП, меѓу другото за патот Дреново-Градско за кој проект вели дека има ризици од арбитража, како и за  зголемената вредност на автопатот Кичево-Охрид за 175 милиони евра, а за кој се потрошени 446 милиони евра, а не е завршен и по 10 години од стартот на изградбата.

За третата фаза од пругата кон Бугарија  каде вредноста  е зголемена  за 220 милиони евра односно на 560 милиони евра наместо првично планираните 340, според Николоски, во крајно нетранспарентен процес почната е тендерска постапка пред избори во услови кога, како што рече, сите знаеја дека ќе има промени на власта. Понуди на тендерот се доставуваат до денеска, но министерот посочи дека засега не може да направи ништо за евентуално поништување. Ќе следи процес на евалуација заедно ЈПДП и меѓународните  кредитори ќе се разговара за ревидирање на проектот.

„Се работи за најскапа пруга која завршува во тунел кој нема крај, а за која  Бугарија нема ниту проект за железничко поврзување“, рече Николоски.

Ги повика меѓународните кредитори, како што рече, да седнат и да разговараат дали е ова начин и дали вреди вака да се трошат народните пари, а ЈО да го испита работењето на двете претпријатија.

По промена на раководството во ЈПДП најави дека ќе побара декласифицирање на Договорот со Бехтел и Енка за автопатските делници на коридорите 8 и 10д.

Подготвено од М.Д.

About Author