dksk-800x600

03.06.2024 Скопје

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата и судир на интереси Татјана Димитровска вели дека по верификација на мандатот именуваните и избраните лица треба да се откажат од сите претходни функции.

Законот за спречување корупција и судир на интереси предвидува глоба од 300 до 500 евра за лица кои извршуваат неспоиви функции.

Законот не го уредува прецизно таквото постапување, но без разлика на тоа именуваните и избраните лица имаат голема одговорна задача, имаат одговорност, велат од Државната комисија за спречување на корупцијата.

ДКСК веднаш по верификација на мандатите за пратеници укажа на итно постапување и почитување на уставните норми и законските одредби кои се однесуваат на неспоивост на највисоки јавни функции.

„Нашето законодавство брои многу закони меѓу кои Уставот, Законот за Собранието, Законот за пратениците и Законот за спречување на корупција и на судир на интереси недвосмислено, јасно и конкретно дефинираат неспоивост на функција. Претседател на Влада, претседател на Република, пратеници, министри, и градоначалници и други функции на избрани и именувани лица и друга функција се неспоиви една со друга“, потенцира претседателката на ДКСК.

Таа предупреди дека постои потенцијален ризик од донесување на одлуки коишто можеби ќе имаат финансиски и други штетни последици за државата, а секако и за граѓаните.

„Законот е јасен едно лице кое изврпува функција од извршна власт, во конкретниов случај претседател на Влада или министер не може истовремено да извршува и функција од законодавна власт односно пратеник“, велат од ДКСК.

Подготвено од М.Д.

About Author