11.06.2024 Скопје
Со ова, Женева стана првиот од 26-те кантони на кои во својот устав има забрана за истакнување или носење облека со симболи на омраза, пополнувајќи го правниот вакуум, бидејќи таква забрана не постои на федерално ниво.
Услов за ова дополнување на уставот е спроведување на референдум, иако тој веќе беше поддржан од кантоналниот парламент во јуни 2023 година, со поддршка од сите партии освен десничарската Швајцарска народна партија.
Слични предлози за забрана беа претходно дискутирани во кантоните Вауд, Фрибург и Нешател, со намера да се спречи растот на антисемитизмот од почетокот на конфликтот на Блискиот Исток и употребата на симболи на омраза за време на пандемијата на ковид.
Подготвено од М.Д.