Meksiko-apsenje-narko-bosovi

12.06.2024 Скопје

Илјадници жители го напуштија јужниот мексикански град Тила, бегајќи од тридневната опсада на вооружените нарко банди, а владините трупи патролираат по празните улици.

Сите жители на Тила, околу 4.000 луѓе, избегале од градот, а некои со државни автобуси стигнале до блиските засолништа.

Во текот на ноќта на 4 јуни, десетици тешко вооружени лица пристигнале во Тилa со камиони и почнале да пукаат во куќи и деловни објекти, палејќи згради.

Насилството во Тила траело три дена, до 7 јуни кога пристигнала војската.

Државните власти објавија дека во тој град се распоредени околу 5.000 војници, а шестмина осомничени се приведени.

Некои жители изјавија дека многу од напаѓачите носеле маски, се чинело дека се малолетници кои ограбувале продавници, палеле автомобили и се обидувале да упаднат во домовите.

Многу мексикански градови се пусти по насилството на нарко бандите, а жителите бараат азил во САД.

Подготвено од М.Д.

About Author