https://www.facebook.com/ArsovskaDanela/photos/571787947906474

27.06.2024 Скопје

Јавните претпријатија ЈСП „Скопје“, „Паркови и зеленило“ и во „Улици и патишта“ од денеска добија нови директори, назначени од страна на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Според соопштението од Град Скопје, нов директор на ЈСП е Драги Кушовски, во „Паркови и зеленило“ е назначен Мартин Ангеловски, а во „Улици и патишта“ за директор е поставен Ванчо Умленски.

Оттаму велат дека тројцата директори на овие позиции доаѓаат од приватниот сектор.

Во следниот период, како што велат од Градот, ќе се посветат на отстранување и надминување на предизвиците со кои јавните претпријатија се соочуваат континуирано во изминатите децении, како и за унапредување на работата на претпријатијата и реализација на програмските активности и проектите.

Досега директор во ЈСП беше Крсте Петревски, кадар на ГРОМ, во „Паркови и зеленило“ Сефи Шабани, кој претходно беше секретар во Општина Сарај, а во „Улици и патишта“ – Ќамил Ковачи.

Подготвено од М.Д.

About Author