NEVREME SKOPJE

24.06.2024 Скопје

ЈП Комунална хигиена-Скопје утринава спроведува засилени активности за расчистување по обилните дождови што во текот на вчерашната ноќ го зафатија градот Скопје.

Во координација со Градот Скопје, екипите на Претпријатието реализираат активности за расчистување на јавните и на сообраќајните површини, со цел да се овозможи проодност на движењето на пешаците и безбедно одвивање на сообраќајот.

ЈП Комунална хигиена-Скопје работи со максимален капацитет и ангажираност на сите расположливи работници на терен, како и употреба на целокупната механизација. Активностите се одвиваат во сите скопски општини, комплетно е расчистен и прооден булеварот 16-та Македонска бригада во општината Гази Баба, булеварот Никола Карев (Пластичарска улица), подвозникот на стоковната куќа „Мост“, подвозникот Павел Шатев, како и улицата Џон Кенеди во скопската општина Чаир, додека во моментов е во тек расчистување на кружниот тек Беласица. Екипите на Претпријатието се ангажирани и за повторно поставување на садовите за одлагање на отпадот коишто беа изместени во текот на невремето.

„Активностите ќе продолжат во текот на целиот ден, во насока на целосно санирање на последиците од невремето на терен“, велат оттаму.

Подготвено од М.Д.

About Author