19.06.2024 Скопје
Германското министерство за надворешни работи ги забрзува процедурите за обезбедување виза за квалификуваните работници потребни за економијата, изјави министерката Аналена Бербок на собирот на Партијата на зелените во Берлин.
„Времето на чекање за виза во германската амбасада во Њу Делхи е намалено на две недели. Претходно беа девет месеци“, рече Бербок.
Министерството има за цел да ја дигитализира целата процедура за издавање визи до крајот на тековниот законодавен период следната година.
Бројот на издадени национални визи ќе треба да се зголеми за 63%, според предвидувањата на министерството, за да се сместат 400.000 луѓе кои треба да влегуваат во Германија секоја година за да се одржи бројот на вработени константе.
„Ние имаме за цел дополнително да го олесниме пристапот до германскиот пазар на трудот и повикуваме на политичка дебата во која ќе се избегнат предрасуди. Странските квалификувани работници мора да се чувствуваат како дома во Германија“, рече Катарина Дреге, шефицата на парламентарната група на Зелените.
Подготвено од М.Д.