26.06.2024 Скопје
Кинезите сугерираат дека германските производители на луксузни автомобили би можеле да имаат корист доколку Берлин ја убеди Европската унија да ги укине царините за извозот на кинески електрични возила.
Кина најави дека може да ги намали постојните тарифи за автомобили со големи мотори во замена за укинување на планираните царини на Европската унија за електрични возила увезени од Кина.
Пекинг во моментов наметнува такса од 15 отсто за патнички возила од ЕУ.
Кинескиот министер за трговија Ванг Вентао најави можност за олеснување на неговиот германски колега Роберт Хабек за време на состанокот во саботата во Пекинг.
Европската комисија вели дека ги наметнува тарифите врз основа на длабинска студија за огромните државни субвенции на Пекинг. Со давачките се обидуваат да ги изедначат условите на пазарот.
Пекинг претходно сигнализираше дека би можел да воведе такса од 25 отсто за европските автомобили со моќни мотори доколку Европската комисија остане на нејзината одлука, потег што ќе ги погоди германските производители на луксузни автомобили, вклучувајќи ги Мерцедес-Бенц и БМВ.
Дали Германците поради нивната автомобилска индустрија и интересите на кинескиот пазар ќе го убедат остатокот од Европа да им попушти на Кинезите? Од Кина добија моркови.
Подготвено од М.Д.