28.06.2024 Скопје
Претставниците на црквата се борат да го смират долгогодишниот скандал со злоупотреба од страна на припадници на свештенството и да ги адресираат повиците за реформи во црквата, според официјалните податоци објавени денеска.
Германската бискупска конференција објави дека во 2023 година црквата ја напуштиле 402.694 луѓе, додека од друга страна, 1.559 луѓе се приклучиле на црквата, а уште 4.127 се вратиле во нејзините редови.
Во Германија, луѓето кои се формално членови на црквата плаќаат таканаречен црковен данок кој помага во нејзиното финансирање, покрај редовните даноци што ги плаќа остатокот од населението. Доколку го пријават напуштањето на црквата кај локалните власти, повеќе не мора да го плаќаат данокот.
Има некои ослободувања од плаќање црковен данок за лица со ниски примања, невработени, пензионери, студенти и други категории. Католичката црква во оваа земја на крајот на минатата година имала околу 20,35 милиони членови.
Во своето годишно резиме на статистика, бискупската конференција детално не ги наведе причините за заминувањата.
Подготвено од М.Д.