EVROPSKA CENTRALNA BANKA EU PARI

27.06.2024 Скопје

Групата од 112 градови кои имаат за цел да ги елиминираат своите нето емисии на стакленички гасови до 2030 година ќе имаат потреба од вкупно 650 милијарди евра (695,83 милијарди долари) инвестиции за да ја исполнат својата цел, соопшти Европската унија.

Дел од мисијата на ЕУ „100 климатски неутрални и паметни градови“ е поамбициозна од повеќето влади. Земјите-членки на блокот и Британија си поставија краен рок до 2050 година да станат климатски неутрални.

Откако 377 градови се пријавија да се приклучат на програмата, беа избрани 100 од ЕУ и 12 од придружните земји за да развијат климатски план со поддршка на ЕУ и непрофитната консултантска куќа „Банкери без граници“ (BwB) која поддржува проекти кои имаат корист за животната средина.

До денес, 33 градови ги потпишаа своите планови, вклучувајќи ги Лион, Севилја, Малме, Лисабон и Фиренца.

„Историски гледано, градовите не биле значајни партнери за приватниот сектор, но напредокот може да биде многу побрз доколку приватниот капитал е поактивен“, вели Алисон Лоб, извршен директор на Банкари без граници.

Подготвено од М.Д.

About Author