PALESTINA

04.06.2024 Скопје

Повикот доаѓа по неделата во која Шпанија, Ирска и Норвешка официјално ја признаа палестинската држава, предизвикувајќи гнев на Израел кој станува меѓународно сè поизолиран поради војната во Газа.

Експертите, меѓу нив и специјалната известувачка на ОН за човекови права на палестинските територии, кажаа дека признавањето на палестинската државност е важно за правата на палестинскиот народ и нивните напори кон слободата и независноста.

„Тоа е предусловот за траен мир во Палестина и на целиот Блиски Исток, а почнува со моментална објава на прекин на огнот во Газа и прекин на понатамошни воени напади во Рафа“, истакнаа тие.

„Решението со две држави останува единствено бидејќи е меѓународно усогласен пат кон мирот и безбедноста и за Палестина и за Израел и е излез од генерациските циклуси на насилство и омраза“.

Шпанија, Ирска и Норвешка со своето признавање сакаат да го забрзаат постигнувањето мир во Газа. Трите држави изразија надеж дека тоа ќе го забрза признавањето и од други западни држави. Израел се противи на признавањето на Палестина, тврдејќи дека тоа ја јакне позицијата на Хамас.

Подготвено од М.Д.

About Author