04.06.2024 Скопје
„Пивара Скопје“ организираше голема акција на чистење на Охридското Езеро во рамките на долгорочната платформа за општествена одговорност „Наша гордост. Наша одговорност.“. Во акцијата учествуваа голем број волонтери, кои заедно со нуркачкиот клуб „Амфора“ ги чистеа Охридското Езеро и неговото крајбрежје.
„Со гордост објавуваме дека успеавме да собереме 120 кубни метри отпад, меѓу кои и метални конструкции и автомобилски гуми, на шест локации, а во акцијатa беа вклучени вкупно 170 нуркачи и волонтери. Нашата долгорочна цел е да ја подигнеме свеста за важноста на зачувување на нашата природна средина. Ова е само дел од нашите постојани напори да ги заштитиме и сочуваме природните богатства, симболите на нашата гордост и културното наследство“, кажа Марта Завкова, сениор бренд менаџер за „Скопско“ во „Пивара Скопје“.
Оваа година, во акцијата се вклучија и 70 нуркачи, од кои 20 беа од регионот.
„Нуркачите од нашиот клуб успеаја да извадат голема количина отпад од подводниот дел на езерото. Сите заедно со мали, но значајни чекори можеме да го зачуваме нашето природно наследство и да обезбедиме чиста и здрава животна средина за идните генерации“, изјави Јован Секулоски од „Амфора“.
Подготвено од М.Д.