LADUM OVCA 2

10.06.2024 Скопје

Животното познато како „кралот на овците“ со години се продава по цени кои ги надминуваат цените на луксузните автомобили, а за населението во Сенегал оваа раса е „повеќе од овца“.

Висока 1,5 метри и тежок околу 170 килограми, ладум повеќе личи на мал коњ отколку на овца и се смета за знак на престиж во Западна Африка.

На саемот, пред големиот муслимански празник Курбан Бајрам, на купувачите им беа понудени овци од оваа раса со различни бои и карактеристики.

Ладум е создаден со мешање на две различни раси овци од Мавританија и Мали, а во речиси сите региони на Сенегал се одржуваат натпревари за избор на најубавиот „крал на овците“.

Подготвено од М.Д.

About Author