10.06.2024 Скопје
Како што претходно информираше Стаменов, настанот има и хуманитарен карактер. Изминативе денови во просториите на „Донирај компјутер“ има поставено кутија каде се собираат средства за лекување на малечката Симона во Турција. Секој посетител може да донира паричен износ според можностите, што потоа ќе се уплатат на банкарска сметка.
Работејќи во фирма што се занимава со продажба и изработка на софтвер за книговодствено работење, Стаменов своевремено дошол на идеја сите оние кои имаат стари компјутери, што фаќаат прашина во некој ќош, да ги донираат, тој да ги среди и да ги подари.
За неговата хумана работа ја имал целосната поддршка од своите претпоставени. Има добиено бројни признанија за оваа иницијатива, којашто веќе ја следат и други волонтери.
Подготвено од М.Д.